Куларт кујна – Модри патлиџани со мелено месо и таратур

1420

Во летната сезона полна со свежи зеленчуци, нашиот предлог за оваа недела е вкусен, свеж ручек со сезонски модри патлиџани, наполнети со сос од мелено месо и зеленчуци. Сето тоа во комбинација со свежа салата-таратур .

Состојки за полнетите модри патлиџани

4 модри патлиџани

1/2 кг мелено месо, неколку моркови, 2 патлиџани, 2 пиперки, 2 главици кромид, зачини

За таратурот

2 краставици

1/2 кд кислео млеко

1 павлака

малку сецкани ореви

магдонос и зачини по вкус

Начин на подготовка:

Модрите патлиџани ги сечете на пола и ги печете на фолија во рерна. Откако убаво ќе се испечат го ставате подготвениот сос. Сосот се подготвува: ситно исецкан кромид се пржи, се става рендан морков, пиперка и убаво се пржат. Потоа се става месото се пропржува и на крај патлиџаните. Зачани се ставаат според вкус. Откако ќе се наполнат се потпекуваат и се става ситно сецкан кашкавал. Се така подготвено се става во рерна  да се допечи убаво.

Татарутот се подготвува така што, во кислеото млеко и павлаката се ренда или ситно сецка краставица, се става лукче, магдонос, масло и малку оцет и се меша. Одгзгора се  стааат ситно исецкани ореви.

Вака ручекот е подготвен. Не одзема премногу време а е вкусно и свежо!

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.