Магионичар на гитара: Мухамед Ибрахими 12 пати ја повтори магијата!

13
Exif_JPEG_420

Со 12 изведени композиции, како официјален репертоар, но и со бис, гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими синоќа во камерната сала на Филхармонија на 6 ноември 2023 година одржа концерт, на кој публиката повеќе од очигледно беше силно одушевена од овој вонсериски гитарист.

Го придружија и врвни музички маестра, како негови специјални гости, пејачката Агни Авшар со неколку изведби, Ратко Даутовски и Бобан Мирковски.

Изведе композиции од своите два албума, Fly (2014 година) и Devotion ( 2019 година). Ова беше негов втор солистички концерт оваа година, а веќе за следната година се подготвува нов материјал и нови соработки.
Концертот беше во организација на “Баги комуникации”.

Ибрахими е скромен, но маестрален на сцена, инаку самоук гитарист, но со техника кога без здив ги остава и музички наједуцираните преставници во публика

Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Шпанскинритко, блуз, рок или амбиентални, балканскиот фолклор, сѐ де тоа правци со кои експериментира и прави свој музички капитал.

Го паметиме и како гитарист на групата БЛА БЛА БЛА, а многумина го познаваат и како творец кој практикува соработки со различни уметници. Од сѐ што знае и умее за гитарата вели дека е негов инструмент, а кој го слушнал, знае и зошто.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.