Да ѕирнеме во посетата на Доналд и Меланија Трамп на Кралската палата на Велика Британија

1121

Секогаш светот на големите „владетели на светот“ предизвикуваат внимание. Така и посетата на Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија на Кралската палата и кралското  семејство во Лондон, предизвика многу внимание кај јавноста.

Величествен пречек, воена смотра, посета на Амбасадата на Америка во Британија, ексклузивна вечера, како што доликува, но и беспрекорната тоалета, во која и овој пат најзабележливи беа Меланија Трамп, но и Кралицата Елизабета, која секогаш знае што и како да искомбинира, па и покрај нејзината возраст изгледа совршено.

Тука се и пикантериите за невнимателноста на Трамп кога станува збор Кралицата, за здравицата кажана со вино вредно 1600 евра по шише, за скапата тоалета, за задремувањето на Американскиот претседател додека Кралицата зборува, но и за премногу долгиот разговор на Доналд Трамп со Принцот Чарлс, кој излегол од Агендата затоа што Принцот 75 минути го убедувал Трамп да САД да се ангажира околу климатските промени и заштита на Планетата Земја.

BBC го пренесува нивниот разговор

Принцот Чарлс:

“Јас реков,да  Па, САД во моментов има меѓу најчистите клими, врз основа на сите статистички податоци. ” И тоа е одење кон подобро, бидејќи јас се согласувам со тоа дека ние сакаме најдобра и најчистата вода. Таа е кристално чиста, но мора да биде кристално чиста и јасна. “

Трамп додал:

“Кина, Индија, Русија и многу други држави, тие немаат ниту  добар проток на воздух, но немааат ни добра вода, и плус имаат загрижувачко загадување. Ако одите на одредени градови … не можете да дури ни да дишете и тоа станува се полошо…. “

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.