Гејминг натпревар во диско!

15

:
(
Team Brazil Bound, национални победници на Red Bull Campus Clutch 2022, Станица 26, Скопје)

На 6 ноември во скопскиот клуб Станица 26 се одржа националното финале на Red Bull Campus Clutch 2022 во кое го добивме тимот кој ќе патува на големото глобално финале во Бразил!

После два напорни квалификациони дена (4 и 5 ноември), во кои се изнагледавме тесни и динамични партии, неизвесни битки и многу неочекувано-очекувани потези, дојде денот за големото национално финале во кое се сретнаа екипите на BRAZIL BOUND и ZOOMERS.

Eкипата на Brazil Bound со фокусирана игра, паметна тактика и прецизни прсти успеа да го порази тимот на Zoomers со вкупен резултат од 3:0

“Патот до успехот нема тајни, туку е полн со предизвици, за чие остварување потребна е напорна работа и 100% посветеност. Во нашиот случај, успехот се должи на долгогодишно искуство во играње Valorant и CS:GO. Оваа победа и учеството на глобалното финале во Бразил во месец декември е одлична прилика за секој од нас, поединечно и тимски, но пред сè неповторлива шанса да ја донесеме светската Red Bull Campus Clutch титула во Македонија. За крај, како што би кажале бразилците Vamos Makedonija!

Следно на агендата на BRAZIL BOUND е претставување на Македонија на глобалното финале во Бразил кое ќе се одржи во месец декември.

Да им посакаме среќа и успех во борбата за крајната титула – најдобар студентски VALORANT тим во светот!

L

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.