Вечерва концерт во хотел „Аполонија“

38

– Вечерва (9 ноември, 2022 година), се затвора годинашната осумдневна програма со активности за одбележување на 7 Ноември. Професор м-р Гордана Јосифова Неделковска на англиски рог и
Елена Атанасовска- Ивановска на пијано, на својот целовечерен концерт, кој ќе се одржи во хотел „Аполонија“- Гевгелија, ќе
настапат со делата: „Елегија” од Ј. Massenet, Solveig a song од E.
Grieg, „Соната за англиски рог и пијано“ од C. Yvon, The Swan, за англиски рог и пијано од K. Saent-Saens и Amelia, Fantasie, за англиски рог и пијано, од A. Pasculli. Концертот ќе започне во 20:
часот. Проф. Гордана Јосифова Неделковска (родена 1965)
дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Ќиро Давидовски. Се усовршувала на академијата „Моцарт“ во Варшава, Полска и БАНФФ центарот за музика и звук во Канада, како нивен стипендист. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари, со богагата изведувачка кариера и соло или настапи на камерни состави. Елена Атанасовска-Ивановска е една од најуспешните и најафирмирани пијанисти во Македонија.
Дипломирала со највисока оцена CUM LAUDE на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на еминентниот проф. Борис Романов. Во 2005 година, завршува постдипломски студии во класата на истиот професор.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.