Медиуми и состојби Македонија – Кодексот на новинарите, пишани зборови без примена

1312

Пишува М-р Татјана Гогоска

Во основата на информирањето на јавноста и работата на медиумите се новинарите Тие пак за  своето работење многу одамна имаат Кодекс, кој некогаш беше како Буквар и сите се трудеа да го знаат и почитуваат. Во изменетите услови на општествено битисување и професионална работа, една од професиите кај нас што „настрада“ е новинарската, што  доведе до појава  на хаос во медиумскиот простор- Кодексот на новинари го изгуби своето значење.

Основните принципи во Кодексот  се:

-етичност и професионалност

-принцип на слобода во прибирање на информации

-да се кажува вистината без испревртување заради сензација

-да не напаѓаат никого без потреба и без навистина да имат докази

-да не пишуваат ништо што ги загрозува човековите права и слободи

-лично да не ја користата предноста на добиената информација пред таа да бид ејавно позната (уцени и слично )

-Секогаш да го штитата културното рамниште  на јавниот збор ,почитувајќи го достоинството на поинакво мислење а против примитивизмот во јавното комуницирање

Во  изумирање на најстариот медиум а тоа е печатениот, појавата на приватни радио и телевизии, правењето информативни содржини остана во втор план и се се сведува на површна читаност, гледнаост .. … ..а со тоа основните правила на новинарството и функцијата на медиумите се стави во еден медиумски и општествен хаос.

Така, при една мини анкета со неколку млади новинари веќе хонорарно или постојано вработени во некој медиум се наметна заклучокот дека Кодексот на новинарите е нешто што постои ама е непознато и непотребно, посебно во овие услови на работење.На сето ова огрмоно негативно влијание има и големата експанзија на електронските и социјалните медиуми.

Мојата вклученост во работата на еден друг Кодекс, кој е многу важен да се почитува во новинарското известување т.е медиумите, и работата и соработката со многу новинари од повеќе генерации, а тоа е Кодексот на медиумите при известување кога дете е жртва ,ѓсторител или сведок на насилство, ми ги потврди  сомнежите кога станува збор за почитување на основните човекови права при информирање во јавноста.

Постоењето на непрофесионален пристап кон собирањето на информации и нивно пласирање во јавноста е се поприсутно дури на ивица на уништување на моралните вредности на оваа професија. Затоа  имаме се поголем сензационализам, шпекулации и манипулации во стоириите кои вклучуваат деца, наспроти препораките дека ваквите појави треба  треба да бидат во целост отстранети. Овој кодекс е навистина корисен, потребен и над се,  ќе ја исполнува целта за заштита на децата, а новинарите треба да го читаат, препрочитуваат, да го користат и да го издигнат до ниво на закон во чии рамки ќе се држат и нема да ги прекршуваат, туку секојдневно во нивното известување ќе ги користат овие точки од кодексот и тие ќе стана принцип во нивното работење.

mediumi

Во оваа прилика, како вовед на следењето на состојбите во медиумите од еден комуникациски, општествен аспект го пренесувам Кодексот за медиумите при известување кога имаме дете жртва, сторител или сведок на насилство.Овој Предлог кодекс со учество на повеќе новинари , медиуми и општествени работници го донесе Првата Детска Амбасада Меѓаши , во рамки на својот строго утврден професионалем пат СЕКОГАШ  СЕ ВО ИНТЕРЕС НА ДЕЦАТА.

Покрај инволвираноста во овој проект, мојата новинарска и комуниколошка професионална определба, ова да биде појдовната основа ме поттикна од информирањето „т.е. сензационализмот кој го следат со денови новинарите во Хрватска за грозоморниот чин на таткото кој ги фрлил со намера да ги убие своите четири деца. При овие известувања, целиот идентитет на децата, повредите, нивниот живот беше разголен до срамни вистини и децата не беа ни малку заштитетни. Напротив, бркајќи читаност новинарите одеа со што повеќе разголување на жртвите на насилство.

Затоа оваа заложба да се донесе во форма Предлог Кодекс, сметам дека медиумите треба да ја почитуваат и да разговараат и спроведуваат начелата на заштита и почитување на тие кои се тема на нивните информации.

Продолжува со следен текст : Предлог Кодекс за медиумско известување на случаи во кои  дете е жртва, сторител или сведок на насилство.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.