Препознатливи и во светот на модата, учениците од СУГС “Димитар Влахов” на Фешн викенд Скопје

180

Скопје, 30.03.2024

Месецот на пролетта го најави 28 издание на Модниот викенд Скопје, кој е сериозен афирматор на модата и еко свеста. Пролетното издание на Модниот викенд Скопје започна на 15 март со блескава вечер посветена на италијансиот дизајн со лекција за идни одржливи практики во индустријата под мотото: „Создавање вредност: инклузивност, иновации и одржливост„.

Целта на големото финале кое се случува од 28-30 март во просторот на Ист Гејт Мол е енергична почит на принципите на одржливото живеење, грижата на планетата и влијание врз животната средина.

Изгледот на моделите не би бил целосен без соодветна шминка и фризура, па и оваа година исто како и минатата, тоа беше слатка должност на учениците од Средното Училиште на Град Скопје, Димитар Влахов. Тие со својата креативност, имагинација и стекнати вештини од стручното образование, преку шминка и фризура беа одлично надополнување во овој моден мозаик. Предизвик за оваа млада сила беше соработката со познати козметички брендови како Kiko Milano и Alfaparf Milano Professional и многу познати имиња од светот на модата преку нивните ревии, а посебно големото финале кое се одржа на 30 март со Bridal Fashion Night со ексклузивен избор на невестински колекции.

И, оваа година учениците беа предводени од стручните наставници Ферихан Махмуд Кека и Елизабета Савева кои со нив секојдневно работат и ги подготвуваат за време на часовите по практична настава.

-Минатата година за првпат учествувавме на еден ваков настан и тоа беше големо искуство за нашите ученици, па затоа без двоумење и оваа година учениците го прифатија предизвикот зашто тие веќе се чувствуваат и посамоуверено и поподготвено за еден ваков гламурозен настан- рече стручниот наставник Ферихан Махмут Кека.

-Ние работиме за да ги видиме среќни и задоволни нашите ученици, а овој настан како и секое вакво учество на културен и моден настан за нив е искуство плус и ги прави уште еден чекор понапред за брзо вклучување на пазарот на трудот – додава Елизабета Савева, наставник по практична настава во ова училиштето.

Со оглед дека овој настан е под будната лупа на водечки медиуми и медиуми од светот на модата, ова искуство е одличнна можност за учениците од СУГС „Димитар Влахов„- Скопје да го покажат својот квалитет, стекнати вештини и важноста од изучување на стручно образование, но не било кое стручно туку стручно образование кое им нуди учење и работа во реални работни услови, стручно образование кое на учениците ќе им овозможи добра отскочна даска за нивната иднина и напредок понатаму во кариерата.

Токму затоа и училиштето работи на една поинаква афирмација, афирмација преку учениците кои се наши амбасадори, истакна директорката на училиштето Јасминка Гудоманова.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.