Младински образовен форум одбележа 25 години постоење

17

Преку рефлексија на достигнувањата на Младински образовен форум (МОФ), но и преку отворена дебата за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество, на 7 јуни 2024 година, Младинскиот образовен форум (МОФ) одбележа 25 години постоење.

Конференцијата по повод јубилејот се одржа во „Станица 26“, ја отвори извршната директорката на Младински образовен форум – Теодора Столевска која во воведот посочи дека МОФ е заедница на млади луѓе, која негува активизам, дебата, слободно изразување и критички освестени млади што учествуваат во демократските процеси.

Конференцијата „Образование и млади“ се состоеше од две панел дискусии на кои сегашни и претходни членови на МОФ дебатираа на темите: „Иднината на образованитето“ и „Улогата на младите во креирање на политики“.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.