Деновите на македонската музика вечерва со концерт на Лаума Скриде од Летонија

925

Вечерва во Музејот на македонската борба,во рамки на 42.издание на Денови на македонска музика , концерт ќе одржи  Лаума Скриде, пијанистка од Летонија.

Таа ќе изведе дела од композиторите Мехмет Џан Озер, Петерис Васкс, Петар Јованов, Сорен Нилс Ајхберг, Софија Губајдулина, како и од македонските автори Борис Светиев, Гоце Коларовски и Ана Пандевска.

Лаума Скриде, е од Рига и потекнува од  музичко семејство. Почнала да свири пијано на петгодишна возраст, се школувала во родниот град и на  Универзитетот за музика и театар во Хамбург, Германија. Од 11-годишна возраст учествува на голем број меѓународни натпревари, меѓу кои и натпреварот „Марија Канал“ во Шпанија и Меѓународниот натпревар по пијано во Кливленд, САД, на кои освоила и неколку награди.

 

Во 2007 година Скриде ја добила наградата „ECHO Classic Award“ за млад уметник за изведба на клавирскиот циклус „Das Jahr for Sony“ од Фани Хенсел. Во 2008 година  ѝ е доделена наградата „Бетовенов прстен“ за нејзините интерпретации на германскиот класичен и романтичен репертоар. Истата година Скриде  го основала и „Скриде квартет“ (Skride Quartet) заедно со сестра ѝ Баиба, и со Хариет Кријг и Лиз Берто. Оттогаш квартетот е постојано на турнеи по главните европски сали и фестивали.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.