Филхармонија со нова веб страница

191

Наскоро ќе биде промовирана и новата веб страница на Филхармонија со модерен и автентичен дизајн, богата со различни содржини врзани со работата на институцијата.
На страната освен основните информации за настаните и тековните содржини, ќе може да се слуша и симнува музика во изведба на Филхармонија, како и да се превземе електронска верзија на Филхармонискиот весник кој го издава институцијата. На неа ќе можат да се најдат различен тип на корисни информации врзани за сите активности на Филхармонија.
Страницата ќе има модерен лик и дизајн, направен во урнек на најдобрите оркестри во светот. Новата веб страница е изработена со поддршка од главните спонзори – НЛБ Банка и Мастеркард

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.