Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“

20

Утревечер (25 октомври 2023) во Камерната сала на Филхармонија концерт ќе одржи пијано трио “30 прсти“. Во триото свират нашите пијанисти Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски.
На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д.Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков.

Марија Вршкова, од Битола, дипломирала на ФМУ во Скопје со највисока оценка на универзитет „cum lauda“ во класата на проф. Т. Светиев, каде и ги завршува магистерските студии по пијано. Добитник е на повеќе награди во поранешна Југославија, а најзначајна и е нагрдата Трети ноември на меѓународниот натпревар на млади пијанисти во Рим. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар. Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистички техники. Реализирала преку 50 светки премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски туку и од странски автори. Настапувала во голем број земји, а е дел од меѓународни музички манифестации. Моментно работи како вонреден професор на ФМУ Скопје.

Весна Ангелова Христов, дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф. Борис Романов. Магистрирала на интепретација на пијано на ФМУ под менторство на реномираната пијанистка Рита Кинка. Добитник е на бројни државни и меѓународни награди. Била учесник на меѓународни мастер класи кај познати пијано педагози, настапува како солист и камерен музичар низ Македонија. Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Чешка, САД…. Настапувала на бројни музички фестивали во земјата и во странство. Повеќе пати настапува со Македонската филхармонија. Нејзиниот афинитет кон камерната музика ја води кон оформување на пијано трио и пијано дуо, а најчесто настапувала со виолинисти, поддржувајќи млади музичари. Моментно работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ„Илија Николоски – Луј“ во Скопје.

Петар Макариевски, во 2001 година дипломирал на ФМУ Скопје во класата на проф. Јасминка Чакар.Од 2001 до 2003 посетува магистерски студии во Софија, а од 2011 година добива асистентско место на Државниот универзитет во Атланта, САД и паралелно завршува магистерски студии кај проф. Серѓо Гало. Додека престојува во САД активно реализира концерти и работи како хонорарен пијано соработник на универзитетот. Макариевски настапува и во Македонија и со Макеоднската филхармонија. Во 2005 г. со Весна Ангелова го формираат камерното дуо пијано. Работел на повеќе места, а од 2019 година е уметнички соработник пијанист на ФДУ во Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.