Макфест 2019-Три дена музика во Штип со ново-стари рефрени и изведувачи

1034

После три октомвриски музички денови во Штип, вчеравечер заврши годинешното издание на Фестивалот „Макфест 2019“. Трите вечери преовладуваа со ново-стара музика, препознатливи рефрени, нови но и веќе познати (стари) музички имиња, неизбежните шпекулации околу гласањето и многу слободни места во салата на Домот на културата во Штип.

По вчерашната финална вечер еве се наградените:

Победник на Макфест 2019- е Мартинијан Кириловски со нумерата „Сто пати на ден“,

Второто место е на  дуото Александар Митевски и Драган Спасов -Дац, со песната – „Сеуште ми фалиш“ (недостасуваш), а третото место припадна на Новосадските Фрајли со песната „Не и признавај“.

За најдобар сценски настап беше наградена Мартија Станојковиќ, најдобар аранжман е аранжманот на песната „Кој те учи така“ од Иле Спасев во изведба на Лара, за најдобар дебитант беше прогласена Славица Ангелова која ја испеа песната „Љубовта не боли“ а за камбекот на фестивалската сцена воопшто и на Макфест за најдобра интерпретација беше наградена Росана Сариќ -Тодоровска која ја испеа песната „Спомени“.

Фестивалските бури ќе стивнат а останува да видиме до следната година, која од песните ќе стане хит меѓу љубителите на македонската забавна музика.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.