Денес, Фолклорна смотра во Охрид

268

Денес, недела, 7-ми Ноември 2021 година во Охрид ќе се одржи регионална фолклорна смотра за Западна Македонија на која ќе учествуваат 13 културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од: Тетово, Битола, Ресен, Вевчани, Струга, Демир Хисар, Новаци, Охрид. Смотрата е во организација на Сојузот на Фолклорни ансамбли на Македонија кој на државно ниво организира три вакви големи настани: во Западниот регион, во Источниот и во Скопскиот регион.

– Како претседателка на СОФАМ чувствувам особено задоволство што Културно уметничките друштва и ансамбли од Западниот Регион, многу посветено работеа во изминатиов период, а еден од резултатите на нивната работа е и оваа фолклорна смотра кој е еден од поважните проекти во нашата организација. Многу ми е мило што смотрата се одржува во Охрид на значаен датум за градот домаќин каде со песната и орото ќе допринесеме да ги збогатиме овие празнични денови.Станува збор за учество на вкупно 13 ансамбли или над 300 уметници кои ентузијастички пристапија кој овој проект, подготвија сериозна програма, а во соработка и со други чинители и помагатели длабоко сум убедена дека успешно ќе се реализира. Исклучителниот ентузијазам што го чувствуваат сите учесници, го пренесуваат и на мене како претседател на оваа асоцијација, а јас верувајќи во нивната долгогодишна работа целосно стојам зад сите нивни идеи и проекти со цел сите заедно да допринесеме за развој на фолклорната традиција во нашата земја, како и подигнување на квалитетот во фолклорот како наше значајно духовно културно наследство – изјави проф.Д-р. Мирјана Мирчевска, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија во Скопје и претседател на СОФАМ.
Од страна на организаторите изразуваат искрена благодарност до помагателите на овој настан: Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, НУ Охридско Лето, Дом на култура – Охрид и Лабино Саунд – Охрид.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.