Нов културен бран 2019 -Концерти на Рома Рок Скул и Петар Младеновски

682

Здружението КУЛТИ ВАТОР  го најавува настанот „РОКА ФЕЛАС ФЕСТИВАЛ“ во рамките на Манифестацијата Нов Културен Бран 2019 година. Концерти се  на Зулу 3.4 (Скопје) Рома Рок Скул и Петар Младеновски и сетови на диџеите Педро.

Концертите ќе се одржат во Арт Кафе во Кратово на 23-ти октомври, со почеток од 13 часот  и Бар Кјуб Куманово, старт 21 часот. Влезот е слободен за двата настани.

Исто така, Здружението КУЛТИ ВАТОР ја претставува концертната работилница на Рома Рок Скул Скопје и музичарот Петар Младеновски (Суперхикс). Настапот е закажан за 23-ти октомври,среда, во Арт Кафе Кратово со почеток од 13 часот и слободен влез. По настапот, периодов ќе биде снимена и студиската варијанта на песната НЕСПОКОЈ, заедничко дело на Рома Рок Скул и Петар Младеновски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.