“Брас Квинтет “во Софија

1

На 20 септември (вторник) 2022 со почеток од 19 часот во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија ќе се одржи концертот „Македонски Брас Квинтет во Софија“ на кој ќе настапат: Драган Младеноски – труба, Александар Златески – труба, Антонио Костевски – хорна,  Димче Белчовски – тромбон, Александар Ниниќ – туба.

Составот на Македонски Брас Квинтет ќе изведе дела од: Х. Персел, Ж. Бизе, М. Пенеља, А. Баканов, Ж. Клавеј, Џ. Гејл, М. Кастело, Б. Хауард, С. Вондер, а исто така ќе исполни сплет од македонски музички бисери.

Македонскиот Брас Квинтет е состав оформен во 2017 та година како иницијатива за музицирање во најпознатиот формат за камерна музика за лимените инструменти. Во составот членуваат: Aлександар Златески – прва труба (прва труба во Национална Опера и Балет, долгогодишен член на Градскиот Оркестар Скопје и на Биг Бендот на МРТВ), Драган Младеноски – втора труба (прва труба во Филхармонија на Р.М. , долгогодишен член на Биг Бендот на МРТВ како и активен соработникна видни музички имиња како Кирил Џајковски и др.), Антонио Костевски – хорна (прв хорнист на Национална Опера и Балет, поранешен прв хорнист на Софиската Опера, како и постојан соработник на оркестарот ФАМЕС), Димче Белчовски – тромбон (прв тромбон во Филхармонија на Р.М. , доцент на Факултетот за Музичка Уметност-Скопје и професор по тромбон и туба во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“), Александар Ниниќ – туба (тубист во Филхармонија на Р.С.М., долгогодишен надворешен соработник на Градски Дувачки Оркестар, Национална Опера и Балет)

Во својата кратка, но богата историја, составот бележи повеќе настапи, од кои позначајни се : концертите во Њу Јорк, во 2018-та и 2019-та година, концертот во Истанбул во 2021-ва,  серијата концерти во Берово (Музеј на Берово), Кочани (Дом на Културата „Бели Мугри“) и Скопје (Мала Сала на Филхармонија), Штип, Неготино, Куманово итн. Репертоарот на Македонскиот Брас Квинтет се движи низ различни музички жанрови, од самба до филмска музика и од традиционална македонска народна музика до џез. Покрај концертите, квинтетот остварува и едукативни дружења, со цел запознавање и доближување на лимените инструменти до публиката.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.