“Колорит на флејтата” концерт во Гевгелија

57

На 4 мај, 2022 година, во Малата сала на Народниот театар, Дом на култура „Македонија“- Гевгелија ќе биде домаќин на концертот „Колоритот на флејтата“. На концертот за флејта и пијано ќе бидат отсвирани композиции од: Herman Beeftink, Ian Clarke, Takatsugu Muramatsu, Gary Schocker и Nino Rota, во изведба на музичките уметници, Силвана Чулева Атанасова и Емилија Кабранова Филипова.
Концертот ќе започне во 19:00 часот, а влезот е слободен за љубителите на класичната музика. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.