Швајцарија победи на Евровизија 2024

37

(специјален известувач од Малме Валентина Ѓоргиевска Парго)

На 68 издание на Евровизија, кое се одржа на 11 мај 2024 година во Малме, Шведска, победи Немо од Швајцарија со песната Code (“Код”), со што ја обезбеди и трета победа на Швајцарија на овој фестивал.

Немо, роден во 1999 во Швајцарија, тој во песната пее за тоа дека поминал низ пеколот но само така го пронашол патот и дошол до рајот. Радувајќи се на победата на сцена го скрши трофејот, но наводно добил нов.

Немо е едниот од двајцата небинарни пејачи на годинашниот натпревар за најдобра песна во Европа, покрај претставникот од Ирска.

На второ место се најде хрватскиот претставник Бејби Лазања, кој важеше за фаворит и доминираше на обложувалниците.

Во сооднос 50:50 на гласовите добиени преку телевоутинг и жирија на телевизиските куќи, Немо освои 591 поен, а Хрватска 547. На третото место е Украина со 453 поени. од балканските земји Теја Дора од Србија заврши на 17. место со 54 поени, а Раивен од Словенија е на 23. место со 27 поени. На последно место се пласирани Норвешка со 16 поени.

Грузиската песна освои 34 поени и се пласираше на 21. место, чиј дел од авторите е Дарко Димитров е дел од авторскиот тим на песната на Грузија.

Холандскиот пејач Јост Клајн беше дисквалификуван од Евровизија по инцидент зад сцената, затоа што нападнал членка на организацијата и полицијата сѐ уште го истражува тоа.

Македонија на Евровизија учествуваше од 1996 година, кога Калиопи не успеа да ги помине претквалификациите во Швајцарија, потоа во 1998 година за прв пат на таа цена настапи Владо Јаневски, потоа ХХЛ (2000), Каролина Гочева (2022), Тоше Проески (2004), Мартин Вучиќ (2005), Елена Ристеска (2006), Каролина Гочева (2007), Тамара, Врчак и Гаџа (2008), “Некст тајм” (2009), Ѓоко Таневски (2010), Калиопи (2012), Есма и Лозаноски (2013), Тијана (2014), Даниел Кајмакоски (2015), Калиопи (2016), Јана Бурческа (2017), “Ај кју” (2018), Тамара (2019), Васил Гарванлиева (2021) и Андреа (2022).

Македонија не учествуваше на Евровизија втора година по ред, по реакциите на народот откако нашата претставничка на Евровизијата во Торино во 2022 година го фрли македонското знаме на под и тоа предизвика силен револт, и чувство на пониженост, по што организаторот МРТВ реши да паузира со учества.

Најдобар успех и пласман од седмо место постигна Тамара во 2019 година.

Патувањето е овозможено од ТА. Џина Брага Сиднеј и медицински центар “Холиомедика”- Скопје

Медиумска соработка: Симе Георгиевски- Радио Преспа и Скидроу Сиднеј, Живко Поповски Цветин- Здружение “Гороцвет”, Татјана Гогоска- портал за култура “КулАрт”


куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.