Вечерва на Скопско лето концерт на “STRING OF LEONA & SERENA”

559

Во соработка со Амбасадата на Шпанија, вечерва на Скопско лето 2019-та ќе настапи квартетот “STRING OF LEONA & SERENA”  од Шпанија .

Квартетот го сочинуваат : Леона Хота – тенор, Марија Пилар Лопез Хуртадо – виолина, Хуан Диас Поррас – виолончело и Бергилос Оскар Санчез – гитара.

„Strings Liona & Serena“ е четиричлен состав (глас, виолончело, виолина и гитара), со репертоар базиран на традиционални еврејско-шпански песни, вклучувајќи и латинска музика, сефардска итн. Покрај нивниот одличен музички квалитет, овој концерт е совршен допир за прославата на 25- годишнината од воспоставувањето на односите меѓу двете држави.Сефардската музика е компилација на музика од различни генерации низ целата хебрејска историја. Овој концерт ја испреплетува музичката суштина на средновековна Шпанија (Кастиља, Арагон и Андалузија) со остатокот од светот, преку патеки создадени од хебрејските номади.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.