На 15 април (среда), во 20 часот, онлајн на „Фејсбук“ и на јутјуб-каналите на виолинистката Пламенка Трајковска, ќе биде одржан концерт со наслов „Виолина и филм “
На концертот Трајковска во свој стил и низ мултимедијално онлајн-доживување ќе ги оживее прекрасните музички теми од познатите филмови „Кум“, „Џејмс Бонд“, „Титаник“, „Пиратите од Карибите“ и многу други теми. Концертот претставува вистинско музичко уживање за љубителите на филмската музика.