Врвниот пијанист од Кина Хају Жанг во Скопје!

850

Пијанистот кој настапи како солист на големата турнеја на Македонската филхармонија во Кина, овој пат доаѓа во Скопје!

Кинескиот врвен пијанист Хају Жанг, на 5 април (петок) во Камерната сала на МФ во 20 часот, ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен,Дебиси иРавел.

Хају Жанг заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и маестро Јерухам Шаровски од Израел зад диригентсиот пулт, гостуваше како солист на големата турнеја на нашиот оркестар во Кина, која се реализираше во декември минатата година, кога ги освои срцата на кинеската публика.

Хају Жанг всушност, ги освоил срцата на критиката и публиката уште во својата рана младост настапувајќи во Европа, Јужна Америка и на Далечниот Исток. Само во 2016/2017 година настапил пред повеќе од 50 илјади публика одржувајќи 30 рецитали во големите концертни сали низ Кина. Зад себе има три албуми за „Класикс“, а наскоро светлото на денот ќе го види и неговото четврто издание со пијано концерти од Моцарт.

Во концертната сезона што изминува, Жанг беше ангажиран со настапи со Руската национална филхармонија и Владимир Спиваков, со Германскиот камерен оркестар на Берлин, Симфонискиот оркестар во Нинберг, Израелскиот симфониски оркестар, Националниот камерен оркестар на Ерменија….

Бројни се неговите настапи низ европските музички центри во најдобрите концерти сали, како и концертите на престижните фестивали за класична музика.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.