“Нова ера” доаѓа во Велес!

30

Општина Велес со гордост ја кани публиката на концертна промоција на албумот “New era” (“Нова ера”) на маестралниот Никола Мицевски. Пред велешката публика ќе се претстави оваа сабота, 18 февруари со почеток во 20 часот во Театар “Ј.Х.К. Џинот”, придружуван од 40-тина врвни музичари и хористки на сцена.
Специјални гости на концертот ќе бидат Дамјан Пејчиноски и хорот “Св.Кирил и Методиј” – Велес, под диригентската палка на Веселинка Маџарова.
Билетите се во продажба на билетара во Театар “Ј.Х.К. Џинот”, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.