Евровизија 2024: Новинарите чекаат информација за настапот – Холандија дисквалификувана од финалето на Евровизија

41


(Специјално од Малме Валентина Ѓоргиевска Парго, 11.05.2024)

“Обична драма и подигнување на интерес за фестивалот, вечерва пред неговото финале” коментираат новинарите за инцидентот со Холандскиот преставник, за кој сепак со нетрпение и неизвесност чекаа официјално известување од ЕБУ во инбокс дали вечерва тој ќе настапи на Евровизија 2024 година и на крај добија официјална информација дека е дисквалификуван, со тоа што во финале сега остануваат 25 земји.

Холандскиот претставник Јост Клајн, во петокот (синоќа) не настапи на генералната проба каде требаше да пее петти по ред, иако тој пристигна во салата и беше со сите учесници кога го вееја знамето, кога му дојде редот половина час подоцна, не излезе.

Сѐ уште се очекуваше одговор дали Клајн ќе настапи во големото финале, затоа што беше пријавен од жена од продукцијата за вознемирување при работа односно несоодветно однесување, кое ЕБУ организаторот, го зеде во предвид и постапи соодветно.

Јост Клајн се претстави со песната „Европапа“ во втората полуфинална вечер, за која имаше и еден смешен коментар од една американска новинарка дека ако го слушнете таа песна ќе се одалечите од музика воопшто.
Но, тој се чини цело време е инволвиран во некоја своја ситуација. На пред конференцијата вниманието го привлече кога си ја покри главата со знамето, во моментот кога израелската претставничка одговараше на прашања на новинарите.
Има и една снимка во која новинарката ја прашува израелската пејачка дали смета дека нејзиното присуство носи ризик и опасност за другите натпреварувачи, на што таа ѝ одговори дека не сака да одговара а Холанѓанецот извика: „Зошто да не?“.
Како дополнителен знак прашалник за неговото откажување вечерва е тоа што се зборува за физички конфликт меѓу холандскиот пејач и фотограф од израелската делегација.
Клајн ги тргна и сите свои објави за Евровизија на Инстаграм.
Тој сака да упати порака дека е на спротивната страна и е против актуелната војна, за што и најмногу се зборува на оваа Евровизија.
Во Малме сепак се стравува од евентуален напад поради заканите кои беа упатени, а се однесуваа на настапот на израелската пејачка за која се бара да не настапи особено што песната “Ураган” има содржина која ја задира војната во појасот Газа.
И некои други претставници преку симболи го прикажаа истото деновиве.

Да потсетиме:

Од израелската претставничка Еден Голан најпрво кога се пријави беше побарано да ја смени оригиналната песна со наслов „Октомвриски дожд“, бидејќи песната како да алудираше на убиствата и киднапирањата на Израелците од Хамас, по што е сменета во „Ураган“, што ЕБУ го одобри, инаку немаше да учествува. Таа тука беше исвиркана за време на првото полуфинале на 7 мај, а еден човек пред салата го искина израелското знаме. Организаторите се извинија затоа што еден учесник во полуфиналето покажа про-палестински симбол. Ирската пејачка Бамби Таг вели дека им било речено дека мора да ги отстранат сите политички пораки од облеката што планирале да ја носат во полуфиналето, на која замислиле да биде стилизирана во древното келтско писмо на зборот огам- за кој може да се толкува како „примирје“ и „слобода за Палестина“. Швеѓанецот Ирик Сааде на својот настап во воведниот ревијален дел од шоуто носеше кефије шал околу зглобот, што се користи за кога луѓето сакаат да покажат дека се пропалестински настроени. Пејачот Оли Александар, кој ја претставува Велика Британија, претходно повика на целосен прекин на огнот во Газа… Инаку, 20 годишната Голан не ја напушта хотелската соба бидејќи израелската делегација добива закани.
Поради неа и заканите од терористички напад или поставување на бомба безбедносните мерки се на повеќе нивоа, и не толку видливи за обичниот човек, но сепак огромни, особено за ваков масовен фестивал со илјадници луѓе.

Патувањето е овозможено од ТА. Џина Брага Сиднеј и медицински центар “Холиомедика”- Скопје

Медиумска соработка: Симе Георгиевски- Радио Преспа и Скидроу Сиднеј, Живко Поповски Цветин- Здружение “Гороцвет”, Татјана Гогоска- портал за култура “КулАрт”


куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.