Суперучилишта „Размена за промени“: нови можности за зајакнување на регионалната соработка

33

Средните училишта од Западен Балкан ќе аплицираат на нова програма за размена

Тирана, 7-ми мај 2024- Почетен настан насловен „Размена за промени“, организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ), го означи почетокот на новиот циклус на регионална програма за размена на средни училишта: Суперучилишта. Во енергична атмосфера во канцеларијата на GIZ во Тирана, настанот собра разновидна група гости – од истакнати министри и амбасадори, претставници на партнерски организации, до наставници и ученици од регионот – за да го прослават почетокот на втората фаза од проектот кој има за цел да поддршка на процесите за градење мир и помирување, меѓукултурно учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Учествуваа и наставници и ученици од средните училишта “Зеф Љуш Марку”, “Алгоритам” и ДУРДМОВ “Димитар Влахов”.

На настанот свечено беше објавен новиот, трет отворен повик, кој ќе обезбеди можност за 90 училишта од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*,Црна Гора, Северна Македонија и Србија да се поврзат и да спроведат заеднички активности преку единствената шема за размена во наредниот период. Од 7 мај до 21 јуни 2024 година, сите заинтересирани училишта ќе имаат можност да се пријават за размена и да најдат партнер училиште од различен дел од регионот на Западен Балкан. Повеќе информации се достапни на веб-страницата на RYCO
https://www.rycowb.org/.

Партнерството помеѓу училиштата од две различни договорни страни на RYCO им дава можност на учениците да стекнат интеркултурни компетенции преку ангажирање на млади луѓе во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанскиот, социјалниот, образовниот, културниот и спортскиот домен.
Генералниот секретар на RYCO, Алберт Хани, ја истакна важноста на програмата Суперучилишта за регионална соработка, градење мир и меѓукултурно учење, а во исто време придонесува за дијалог и зајакнување на младите: Напорите да се направат општествата на Западен Балкан поотпорни на локалните политички предизвици и посклони кон соработка и дијалог се цел на RYCO во последните осум години. За да ја постигнеме таа цел, мора да почнеме да дејствуваме уште од мали нозе. Затоа суперучилиштата се од толкава важност, не само за RYCO, туку и за секој поединец во регионот на Западен Балкан. Младите имаат моќ да ги зајакнат напорите за помирување и да ја отворат вратата за долготрајни врски и соработка. Денес, кога започнува новата фаза на проектот, не славиме само нова можност, туку и огромен потенцијал за зајакнување на целиот регион.
Од 2021 година кога започна проектот, RYCO поддржа 77 билатерални партнерства на средни училишта од регионот и ја олесни размената на околу 1840 средношколци преку 154 организирани размени. Во текот на програмата, 308 наставници од средните училишта од регионот ги зајакнуваат своите капацитети во тематските области на RYCO, неформалното образование и управувањето со проекти. Понатаму, дополнителни 3688 млади луѓе беа индиректно вклучени преку локални теренски активности организирани од училиштата. Настанот „Размена за промени“ собра некои од
поранешните учесници за да ја споделат својата приказна и да ги рашират „гласовите на училницата“.
Ученичката Ива Глобочки од гимназијата “Алгоритам” изјави: „Искрено сметам дека размената на Суперучилиштата на RYCO ме истурка од мојата комфорт зона. Преку нив запознав толку многу неверојатни млади луѓе со амбиции, соништа и толку многу љубов за споделување, кои ме поттикнаа да бидам подобра верзија од себе. Тие размени се навистина процес кој вреди да се доживее.“
Новиот проектен циклус, најавен на настанот во Тирана, ќе трае до 2026 година, а преку два отворени повици ќе се соберат 2600 млади луѓе и ќе се поддржат 90 билатерални партнерства на суперучилишта. Размените ќе ги спроведат 360 наставници кои ќе имаат капацитет да дизајнираат и спроведуваат квалитетни младински размени подобрени преку активностите за градење капацитети на програмата Суперучилишта.
Суперучилишта е дел од мултидонаторскиот проект наречен „Програма за размена на училишта за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.