ПО ПОВОД СТИНГ: Градоначалничката на Сараево го нагости сопственикот на “Авалон Продукција”

137

Сараево, 17.11.2021

Денеска во Сараево, сопственикот на “Авалон Продукција”, Бобан Милошески, имал средба со градоначалничката Бенјамина Кариќ.

На средбата, градоначалничката му се заблагодарила што “Авалон” го носи СТИНГ во Сараево, следната година, и изразила подготвеност од градот и голема желба со сите негови ресурси во иднина, за “Авалон” да работи што е можно повеќе концерти таму.

Од друга страна, Милошески ветил дека ќе се обиде во 2023 година на „Кошево“ да се случи голем стадионски концерт, единствен во регионот.

На крајот од средбата која траела 45 минути, градоначалничката Кариќ на Милошески му подарила монографија за Сараево, информираат од неговиот тим.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.