Денес му е роденден на Џони Логан- Кралот на Евровизијата

33

Евровизиската суперѕвезда Џони Логан денес полни 70 години, тој е роден на 13 Мај 1954 година. Роден е во Австралија живее во Ирска, родено име му е Шон Патрик Мајкл Шерард.

Тој е првиот пејач кој два пати има победено на Евровизија, како автори и пејач во 1980 и во 1987 година, а трет пат како автор на песната Why me, со која Линда Мартин победи во Малме во 1992 година.

 

Иако често доаѓа на Евровизија за дружење со бројните фанови и новинари, шведскиот дифузер СТВ овој пат го покани славниот Ирец  Логан на годинешната Евровизија каде на паузата од првото полуфинале на 7 мај во Малме Арената, на спектакуларна сцена со светлосни ефекти и во придружба на симфониски оркестар, ја изведе победничката песна на швеѓанката Лорен Euphoria од 2012 и беа наречени Кралот и Кралицата (бидејќи и двајцата имаат победено по два пати како пејачи) и ги изведе и своите победнички хитови What’s Another Year (1980) Hold Me Now (1987).
Во рамки на Европа важи за најславен пејач било кога, нешто што беше Елвис Присли своевремено за Америка.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.