Safe journalists со нова анализа за слободата на изразување и безбедноста на новинарите

28

По повод 10-ти декември, Светскиот ден на човекови права, во рамките на проектот Safejournalists изработена е нова анализа со наслов „Слободата на изразување и безбедноста на новинарите пред Судот во Стразбур – Анализа на пресудите на Европскиот суд за човекови права во македонските предмети по членот 10 од Европската конвенција за човекови права” чии автори се М-р Велимир Деловски и Д-р Костадин Богданов, рецензент Проф. д-р Беса Арифи, а уредник е Драган Секуловски.

Авторите го анализираат и ставот на ЕСЧП во однос на заштитата, не само на содржината на информациите, туку и на средствата за пренесување на информациите, како и на правото на јавноста да прима информации и идеи од јавно значење.

Во анализата посебен акцент е ставен на заштитата на правото на информирање преку преку заштита на новинарите и новинарската професија, како и преку заштита на правото на граѓаните да бидат соодветно информирани за важни теми. Сpоред праксата на ЕСЧП ова право не ги штити само новинарите, туку се однесаува и на писателите, академските истражувачи, уметниците, колумнистите, блогерите и корисниците на социјалните мрежи, кои вијаат врз креирањето на јавното мислење.

Кои предмети се разработени?

1.Првиот е предметот со Селмани во 2017 и други против ПЈРМ (2017), кој е воедно и првиот предмет во кој Судот констатирал повреда на членот 10 на ЕСЧП во нашата држава

2. Вториот предмет се однесува на пресудата на ЕСЧП во предметот Макрадули против ПЈРМ (2018), за кривично гонење за клевета на пратеник и потпретседател на политичка партија

3. Третиот предмет е предметот Гелевски против Северна Македонија (2020), во која се признава придонесот на колумнистите како креатори на јавното мислење кон тековната политичка дебата по прашање од јавен интерес.

4. Четвртиот предмет е предметот Костова и Апостолов, ЕСЧП наоѓа повреда на членот 10 во поглед на граѓанската постапка за клевета што се водела против апликантите, главната и одговорна уредничка на неделникот „Фокус”, Јадранка Костова, и Владо Апостолов, новинар во тој неделник

Овие предмети се детално разгледани и објаснети во анализата од каде што може да се добијат не само генерални заклучоци за праксата на Судот, туку и да се добие претстава за целиот процес на одвивање, на постапката и резултатите од истата.

Заштитата што им ја дава членот 10 на новинарите во однос на информациите за прашањата од општ интерес подлежи на услов новинарите да постапуваат со добра волја и врз точна фактичка основа, односно да обезбедат информации во согласност со новинарската етика. Поимот на одговорнот новинарство е дефиниран преку начинот и средствата што се користени за да се добијат одредени информации за пласман на јавноста, како и покажаната почит кон личноста што е предмет на информацијата.

Заклучоците и препораките се дека слободата на изразување може да биде постоечка и активна, само преку креирање амбиент, како законодавен, така и институционален, за фактичка примена на стразбуршките стандарди во македонскиот медиумски и правосуден контекст. Донесувањето на одлуките во врска со претходно споменатите предмети претставува добар пример за позитивна пракса на носење одлуки во корист на новинарите, односно во случаи кога се прекршени нивните права, тренд што треба да продолжи и во иднина.

Линк до анализата –

https://znm.org.mk/wp-content/uploads/2022/12/Analiza_Presudi_ECHR_061222_2-1.pdf

Оваа анализа е изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението на новинарите на Македонија и на авторите и не ги одразува нужно гледиштата на Европската Унија.*Преводот на албански е во процес на реализација.

******

Инаку, неодамна на протестите во Скопје поврзани со блокадите на приватните превозници, полицијата грубо го прекрши правото на новинарите да снимаат и известуваат. Според сведочењето на колешката Фазиле Халили од тв21 таа со својот мобилен телефон снимала дел од протестот каде полицајците влечеле една жена. Во тој момент еден од полицајците во униформа и пришол и и рекол дека не смее да прави видео запис. Со заканувачки тон и рекол веднаш да ја избрише снимката.

“Бриши ги снимките бидејќи немаш право да снимаш” рекол полицаецот, на што колешката му рекла дека е новинарка и дека не само што има право туку е и нејзина должност да ја информира јавноста. Но, полицаецот и рекол веднаш, тука пред него, да ја избрише снимката од сите албуми во телефонот, сакајќи да биде сигурен дека нема траги на ништо што е снимено.

Вршење притисок за бришење и бришење на видео и фото материјали од страна на полицијата преставува директно прекршување на членот 16 од Уставот со кој се забранува цензурата и се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации. Со ваквото однесување полицијата ги спречува новинарите да известуваат за настанот и се става во улога на цензор кој решава што смее а што не смее да види македонската јавност.

Протестите секогаш се настани од јавен интерес и јавноста има право да знае што се случува за време на протестите, дали има повредени, дали има уништување на јавен и приватен имот, но и дали евентуално полицијата ги пречекорила овластувањата и употребила прекумерна сила.

Инцидентот ќе биде пријавен во Секторот за внатрешна контрола на МВР и ЗНМ очекува полиција да го расветли случајот, да ги открие одговорните и соодветно да ги казни, за да во иднина не се повтори ваквото неприфатливо однесување на полицијата.

****
(ЗНМ): Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на игноратниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос од страна на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров кон новинарските екипи за време на денешната прес конференција.
Денеска, генералниот секретар на Град Скопје Глигоров, во своето обраќање пред новинарските екипи даде куса изјава каде ги обвини приватните превозници за политичка блокада на градот и на крајот не сакаше да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски. На таквата негова постапка, колегите новинари разочарано изреагирале дека тие не се дојдени да само да држат микрофони туку и да постават прашања кои се од јавен интерес за граѓаните на градот Скопје.
Апелираме дека јавните функционери треба да се трудат да дадат одговори на сите новинарски прашања, а не да ги игнорираат и понижуваат новинарите и медиумските работници.
Потсетуваме дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека функционерите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа.

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.