Се одржа петтиот “Скопје Винил Конвеншн”

203

Денес, 2 октомври 2021,со почеток од 13 часот во МКЦ се одржа петтиот по ред „Скопје Винил Конвеншн“, во организација на Фанки Фреш.
Настанот беше инспириран од и посветен на сите колекционери и љубители на винили. Има примарна цел да ги сплоти сите љубители и колекционери, а воедно и да им даде простор на локалните диџеи да ги покажат своите плочи и умешноста стекната изминатиов период. Оваа година имаше повеќе изложувачи и дилери и секако одлична музичка програма. Целодневната програма вклучуваше над 20 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил изданија и настап на повеќе од 20 локални музичари.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.