“Сетстат” ќе настапи на Џез фестивалот Аларма Панк во Софија

33

Сетстат, препознатливата македонска група која свири современ џез, ќе одржи свој концерт на сцената на „Софија лајв клуб“ на 20 април 2022, по отворањето на вратите од 20 часот.
Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски – тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев – клавијатури, Павел Дробицки – бас и Гоце Наумов – тапани ќе ги свират за прв пат пред публика композициите од нивниот единаесетти албум. Албумот излегува наскоро (околу 20 април 2022) со етикетата на PMG Jazz.
Концертот е втора епизода од серијата на “Аларма Панк-Џез” фестивалот на Бугарското Национално Радио, посветенa на размената и зближувањето на џез сцените од Бугарија и Северна Македонија, на којшто партнер по традиција е и Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.
Повеќе информации за настанот можете да најдете на https://www.facebook.com/events/826370794951316
Билети на https://epaygo.bg/9174845934 или на касите на EasyPay

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.