Студентите на м-р Мојца Седеу ќе одржат концерт

38

Утре напладне, 26 декември 2023 година, во 12 часот, во просториите на Музичка Академија ќе се одржи концерт на Студентите по удирачки инструменти, од класата на професор М-р Мојца Седеу.
Воедно ова е прилика да се потсетиме и на Седеу, цитирајќи ги податоците на официјалната страница на Музичка академија, а видено и да споделиме песна што ја има испеано во нејзината младост.

Мојца Седеу е родена 1970 година во Скопје, каде го завршила нижото музичко образование на отсекот пијано. Средното музичко училиште го завршува на два оддела: инструментален и наставно- теоретски, во МБУЦ- Скопје и добива диплома „Континуиран одличен успех” по сите наставни предмети и проширени знаења во областа на наставно теоретските предмети и ударни инструменти. Во 1993 Седеу дипломира на ФМУ- Скопје со највисока оцена десет (10), на вокално инструменталниот оддел- удирачки инструменти.
Во 1995 година ги завршува специјалистичките студии на солистичко свирење удирачки инструменти на ДМА- Софија во класата на проф. д-р Добри Палиев. Афинитетот кон камерното музицирање ја поттикна Седеу да ги заврши и специјалистичките студии по камерна музика во 1997 година

***
Постдипломските студии запишани на Државната музичка академија во Софија ги завршува во 1998 година каде стекнува академски степен Магистер.
Добитник е на највисоката награда на интернационалниот натпревар за инструменталисти и композитори „Музиката и Земјата” и специјална награда за интерпретација, од Здружението на композиторите на Бугарија 1998 година. Истата година Седеу добива признание „Високо професионална презентација” на изложената тема „Камерна музика за ударни инструменти” Performing Arts Resource Center-Skopje-MULTIMEDIA.
Во 2001 година интернационалниот конкурс „Проф. д-р Добри Палиев- Проф. д- р х.к. Зигфрид Финк” Р. Бугарија, ѝ доделува признание-„Одлична педагошка работа”. Во 2006 година добитник е на наградата „Ѓеорги Божиков” доделена од Сојузот на композиторите на Македонија, за изведувач.
Мојца Седеу како еден од најактивните музичари на нејзината генерација, се докажа себеси како водечки перкусионист во Македонија. Повеќе автори инспирирани од нејзината креативна изведба посветиле дела за удирачки инструменти. Како изведувач, има остварено бројни снимки за радио и ТВ станици. Учествувала во проекти заедно со Хајнц фон Мојзи, Реј Чарлс, Рани Крија, Теодосиј Спасов, Тавитјан брадрс, Калиопи…


***
Првите оркестарски искуства ги стекнува на 16 годишна возраст, во Градскиот дувачки оркестар- Скопје. Соработувала со повеќе оркестри: Танцовиот Оркестар на МРТВ, Македонската Опера, Софиска Филхармонија, Радио Симфониски Оркестар- Софија, Градски Оркестар- Софија, Војводинска Омладинска Филхармонија, Симфониски Оркестар на ФМУ, Младински Оркестар МММ, Оркестар „Банки”-Р.Бугарија, Битолски Камерен Оркестар, Оркестар „Московија”, Балканска Филхармонија, Камерен Оркестар на МФ, Косовска Филхармонија, Меѓународен Симфониски Оркестар, ансамбл за современа музика „Алеа”, ансамбл „Полиритмија”… Од 1993 година до денес, Седеу е тимпанист водач на Македонската Филхармонија. Во последните две децении, како оркестрант има реализирано над 400 концерти.
Мојца Седеу е активна и како солист, и има остварено бројни настапи на реномирани фестивали и манифестации: „Денови на Македонска Музика”, „Охридско Лето”, „Есенски Музички Свечености”, „Скопско Лето”… како и концерти во Хрватска, Бугарија, Канада, Германија, Англија…
Проф. м-р Мојца Седеу од 1998 година предава на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот ”Св. Кирил и Методиј” во Скопје (удирачки инструменти, камерна музика и оркестарски делници), за додипломските и постдипломските студии. Од 2006 година Седеу предава и на Факултетот за музички уметности при Универзитетот во Приштина (удирачки инструменти, камерна музика, методика, А виста).
Низ нејзините различни музички и педагошки активности, таа секогаш ја покажува својата заложба за растење на перкусионистичката уметност, за одличната изведба и за воспоставување на силен контакт помеѓу различните учесници инволвирани во перкусионистичките полиња.
Како промотор на иновативно перкусионистичко истражување, креативна работа, изведба, педагогија и интернационална културна соработка, во 1998 година.

***
Седеу е основач и уметнички раководител на ансамблот за удирачки инструменти „Сонант”, формиран со истакнати перкусионисти од нејзината класа на ФМУ- Скопје, добитници на повеќе меѓународни награди и признанија:
„Yamaha „music fondation of Europe“ 2001, II награда IX меѓународен конкурс „Музиката и Земјата“ Софија 2001, специјална награда „Жан Бернар Бошан“ Софија 2001, I награда конкурс „Проф.д-р Д. Палиев-Проф. д-р х.к. З.Финк” Р.Бугарија 2001,специјална награда на меѓународен натпревар „ММД” Софија 2001, III награда–IX меѓународен конкурс „Музиката и Земјата” Р. Бугарија 2001, две I-ви награди на 41. национален натпревар V кат. 2003, специјална награда на 41. национален натпревар V кат. 2003, две Први награди на 41. национален натпревар VI кат. 2003,специјална награда „Марица Изток“ XI меѓунар. конкурс Софија 2003, II награда – XI меѓународен конкурс „Музиката и Земјата” Р. Бугарија 2003, специјална награда на 13. меѓународен конкурс „Музиката и Земјата“ Софија 2005, I награда на 44. национален натпревар V кат. 2006, II награда на 44. национален натпревар VI кат. 2006, I награда на 44. национален натпревар VI кат. 2006, специјална награда 15. меѓународен конкурс „Музиката и Земјата“ Софија 2007, специјална награда на 46. национален натпревар IV кат. 2008, II награда на 47. национален натпревар VI кат. 2009, II награда на 47. национален натпревар V кат. 2009, I награда на 47. национален натпревар V кат. 2009, специјална награда на 47.национален натпревар VI кат. 2009, специјална награда на 47. национален натпревар I кат. 2009, I награда на 47. национален натпревар III кат. 2009, II награда на 49. национален натпревар III кат. 2011, I награда на Втор државен натпревар на млади музичари I кат. 2011, II награда на Втор државен натпревар на млади музичари I кат. 2011, I награда на Втор државен натпревар на млади музичари пред кат. 2011,специјална награда на Втор државен натпревар на млади музичари III кат. 2011,Laureate I International Competition “Lake Pearls” – Struga VI кат. 2011, Laureate III International Competition “Lake Pearls” – Struga III кат. 2011, Laureate III International Competition “Lake Pearls”- Struga IV кат. 2011, I награда на 2-ри меѓународен натпревар “КМК“ – III кат. 2011.

****

Мојца Седеу е активна во дејности од поширок интерес:
Демонстратор на „Bach Percussion Seminar” Грожњан- Хрватска 1997 година
Лидер на меѓународниот семинар по ударни инструменти „Percussion Meeting in Macedonia” 1998 година.
Постојан член на „Percussion Arts Society“ од 1998 година.
Член на жири комисија на интернационалниот конкурс за перкусионисти „Проф. д-р Д.Палиев-Проф. д-р х.к. З. Финк” Р.Бугарија 2001 год.
Постојан член и председател на жири комисија на Државните натпревари на ученици и студенти по музика од 2003 год.
Национален куратор за меѓународна културна соработка во циклусот концерти „Нова Сцена” Министерство за култура на Р.М. 2003-04 год.
Член на стручен тим од Бирото за развој на образованието 2008-2011 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.