Штиклирано и “Трансилванија Џез Фестивал 2022”: “Сашо Поповски трио” со брзи чекори кон европските сали

32

Во рамките на европската турнеја за албумот Fallen Land 2022, кој започна во месец април, и до денес се реализираа концерти и мајсторски класови во Шпанија, Италија, Романија, Србија, Македонија во периодот од 2 – 5 ноември познатиот македонски џезер Сашо Поповски со своето трио, во состав Иван Бејков контрабас и Виктор Филиповски реализираа два концерти, рамките на интернационалниот Трансилванија Џез Фестивал во градовите Клуж Напока и Залау.

-Фестивалот беше организиран на највисоко ниво со полни сали и одлична едуцирана публика која не ги криеше своите емоции за време на концертот и константно комуницираше со уметниците преку громогласни аплаузи. Навистина едно необично и неочекувано позитивно искуство за квалитетот на џез сцената во Романија кој се развива со многу брзо темпо, со преку 40 џез фестивали кои се организираат секоја година, со главен фокус на процесот за едукацијата на младите музичари.
Поповски кој воедно кај нас е и директор на фестилоот “Џез фактори”во Битола, но исто и професор на Музичката академија во Штип, одржал и предавање на тема „Џез Индустрија”
На покана од организаторот на фестивалот одржав и предавање на тема „Џез Индустрија – формирање на џез артист во дигитално време“ на кое присуствуваа студентите од Музичката академија – Ѓорге Дима – Клуж Напока. Незаборавно искуство кое на обострана среќа ќе биде повторено следната година со интензивен курс од 7 дена – како дел од наставниот процес на одделот за Џез музика на Академијата.

Нашата турнеја продолжува на 2 Декември во Софија – Р. Бугарија со концерт на Панк Џез Фестивал Бинар – НДК (Национален Дворец на Културата Софија) каде гостин на триото ќе биде саксофонистот Кирил Кузманов, најавува овој сестран музички уметник.

Веб страна

www.sasopopovski.com

Home

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.