Уникатен концерт на Македонска Филхармонија– “Има нека тајна веза– made in Sarajevo”

111

На 04.03.2023 во Филхармонија – Скопје со почеток од 20 часот во изведба на Македонската Филхармонија ќе биде претставен уникатниот балкански проект, “Има нека тајна веза– made in Sarajevo”.
Под диригентската палка на Ранко Рихтман и Јосип Цвитановиќ, овој фантастичен проект продуциран од Никша Братош и Томислав Кашљевиќ, ги обработува безвременските хитови на најголемите музички ѕвезди од Сараево: “Индекси”, “Бијело Дугме”, Здравко Чолиќ, “Амбасадори”, “Тешка Индустрија”, Кемал Монтено и многу други.
Како вокални солисти ќе настапат балкански ѕвезди: Аида Мушановиќ Арсиќ, Нермин Пушкар – (БиХ), Марко Кутлиќ, Роберт Чолина – (ХР), Влатко Лозаноски Лозано, Агни Авшар – (MK)
Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на https://www.karti.com.mk/ima-neka-tajna-veza.nspx

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.