Вечерва се слави 30 години постоење на Канал 103

128

Вечерва, со почеток од 18 часот во МКЦ ќе започне роденденската прославата по повод 30 години постоење на независното радио „Канал 103“.
Настапуваат LELEE и Blaž од Словенија и нашите Shock Troopers, Перија, Светлост, Тодор Караколев и Луфтханза.
Прославата ќе започне со промоција на „Момент документ“, книга на фотографии на Зденко Петровски во издание на МКЦ, проследена со придружна изложба на негови фотографии.
Билетите (во строго ограничен број) се достапни онлајн преку www.bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.
Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.
web: www.mkc.mk/event/30-godini-kanal-103/
Инаку, „Момент-документ“ – книга на фотографии од Зденко Петровски во издание на МКЦ. Промоцијата, проследенa со придружна изложба на фотографии од Зденко е во склоп на настанот „30 години Канал 103“.
Од МКЦ велат дека се горди издавачи на „Момент документ“ – импресивна книга со фотографии која ги документира музичките настани одржани во Скопје изминативе 15-тина години. Авторот – Зденко Петровски страсно и посветено ја живее фотографијата и музиката.
-Книгата е доказ дека кога се прави она што навистина искрено се сака, успехот е неминовен. Таа е извонреден приказ за живата музичка сцена во Скопје во период од 2007 до 2020 година. „Момент-документ“ ќе остане како документ за едно време, луѓе и настани што Скопје и неговите граѓани заслужуваат да го имаат и за идните генерации-Дејан Колевски, КМФ при Фото Сојуз на Македонија

www.facebook.com/events/4382624145136812/

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.