Верувале или не: Актерот Сашо С. Ристовски ослабна 40 килограми

114

Да се доведе телото во совршена форма е сон на секој човек, најмногу на личностите кои се занимаваат со сценска дејност. И, кои со својот пример треба да послужат како пример за другите. Но, тоа не оди лесно и бара многу напор и откажување. А кога ќе се изведе успешно, радоста е голема, затоа што си направил нешто за себе, нешто видливо и забележително.
Познатиот актер Сашо С. Ристовски деновиве има причина за таква радост и јавно на социјалните мрежи се пофали со својот нов изглед кој навистина привлекува внимание. Иако на прва се помисли дека се подготвува за некоја нова главна улога или можеби улога на филм, тој самиот ни откри што се случило и која е причината. Вели:
-Пред оперативниот зафат кој требаше да го направам на крајот на месец јануари кога анестезиологот ги вршеше испитувањата пред хирушкиот зафат ми измери телесна тежина која имаше троцифрена бројка. Во себе си реков само да помине операцијата како треба и ќе поработам на тој проблем. Заврши операцијата како што треба, фала на Бог, но потоа требаше да внесувам само течна храна. Ми беше тешко првата седмица, од операцијата, од моралната промена на храната, но некако се навикнав. Беа првите денови ужасни, каде што не можев да зборувам, не можев да јадам сѐ. Се навикнав и решив сега е ред да сменам начин на исхрана. Тоа и се случи, иако се изнаслушав милиони приказни зошто што е причината за моето слабеење, но ова е вистината: “Мојата желба!”, ни раскажа актерот.


Понатаму, несебично го споделува својот метод според кој намалил верувале или не, 40 килограми. Еве во што се состои:
-Од исхраната исфрлив леб, тестенини, газирани пијалоци, благо, сувомеснати производи. Пијам многу чаеви, а доколку имам потреба од сок, тоа е цеден портокал или лимон.
Јадењето на салати и пиењето на јогурт, исто така, му помогнало многу.
-На почетокот мислев дека нема да успеам, но веќе поминаа речиси 10 месеци, а јас сум со минус 40 килограми. Многумина ме прашуваа што е диетата и која е тајната. Диетата ќе си ја правите сами, јадете салати, домашни супи, овошје, пијте јогурт, чај и вода. Сега имам проблем со гардеробата која ми е преголема, но и тоа го решавам, низ смеа додаде актерот кој периодов е актуелен со своите комедии што ги игра на сцена низ повеќе градови во Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.