ВИДЕО: Сашо Поповски трио на Сацз фестивал во Полска

128


Сашо Поповски Трио, во состав: Сашо Поповски (гитара), Иван Бејков (контрабас) и Бартош Старомиејски (тапани
, како брза замена за Виктор Филиповски) во септември гостуваа на џез фестивалот Сацз во Полска,изведувајќи ја музиката од албумот Fallen Land (2020).
За нивното гостување следуваа рецензии , а познатиот новинар Bartosz Szarek дури и ќе запише:
…Сè што таа вечер беше изведено, слушнато некаде- еднаш…Презентираните композиции – од „Fallen Land“ преку „On Mountain Top“ до „We Have Met“,личеа на одгласите на мелодиите од минатото… Македонскиот гитарист очигледно црпи инспирација од животот, историјата на неговата земја и светот на музиката околу неа (што тој го призна на сцената Starosądecki „Сокол“), а искуството акумулирано низ годините се покажа дека е за неготолку формативни што решил да ги документира на прикриен и суптилен начин…. Поповски ја покажа својата извонредна способност да пренесува емоции со широка амплитуда… Од една страна, делото на Поповски има во себе нешто многу европско. Од друга страна, тоа е еклектичен микс на култури со карактеристичнозабележливо влијание на блузот („Ком Дипсан“), па дури и афро-рокот („Елгон Скај“), тоа е она штоповеќето модерни џез гитаристи попрво го избегнуваат… Сашо Поповски е вистинска личност на звучни впечатоци, рефлексија и носталгија…
Видео записот може да се погледне на следниот линк

Фотографии Aneta Wojcik

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.