ВО СРЕДА НА ГОСТИ: Во “Голден Роуз” на сто видови специјалитети и на кафе!

81

10.04.2024

Вие, доколку би доделувале ресторанска “златна роза”, дали би ја доделиле на “Златна роза”, или во оригинал кажано на ресторанот “Golden rose”, само затоа што сте биле, сте го посетиле и носите златни впечатоци од таму?
Веруваме, и сигурни сме дека е така, затоа што во место во кое владеат над сто специјалитети, разни пијалоци и пријатна атмосфера, не може и да е поинаку.
Голема дилема е да се одлучите кој од тие предложени специјалитети ќе го одберете при својата посета, ќе го прелистувате менито повеќе пати, ќе се двоумите што да нарачате, и нема да е лесно, но еве ќе се обидеме некако да ве насочиме како подобро да се снајдете во таа ваша недоумица. И, на тој начин ќе ви го скратиме времето за избирање, а ќе ви го продолжиме времето за уживање во вашата храна, во вашиот вкусен залак.

За оние кои не знаат и досега не слушнале, да кажеме дека тоа е ресторанот кој се наоѓа на приземје на самиот Капитол мол, во Скопје. Некогаш таму беше “Дежа ву”, познат по журки, настапи, свирки, афтерпарти, и чести гостувања на музичари од соседството, но веќе од март минатата година, е класичен ресторан, во кој нема свирки, а последен пат таква музичка програма имало за Нова година, кога им гостувала Ивана Бум од “Хјурикен” од Белград.
Одвреме навреме има прилики каде што диџеј пушта добра музика, а тоа е најчесто кога нешто прославуваат гостите- славеници. Главно, сѐ се одвива на ниво на поминување пријатно мирно секојдневие и средби со семејство, пријатели, роднини, пристојни роденденски или други прослави…

Фенси место каде секој ден енергијата на гостите и персоналот се надополнува.
Персоналот брои околу педесеттина членови, и млади и повозрасни, капацитетот е 350- 400 гости, вкупно со летната тераса.
“Golden rose” вратите за своите гости ги отвора во 8 часот наутро, а веќе на полноќ завршува со работа.
И, во тие активни 16 часа можете да уживате во сите современи гурмански специјалитети.
Ама да ви кажеме, и малку пријатно да се изненадите, освен за храна таму се оди и на голтка добро кафе, марка “Или”, дневно се пијат по 250 до 300 филџани кафе, а некогаш и двојно повеќе.
-Не може да се постигне, колку се бара ова кафе подготвено таму, ќе ви речат менаџерите.
Згора на тоа со кафето можете да си нарачате десерти, вафли, палачинки како специјалитет на куќата, но и 20 до 30 видови на сладолед.

Се враќаме на храната.
Наутро, доколку отидете на доручек, нема да најдете класични чорби кои може да ги сретнете во понудата на речиси сите други гостилници и ресторани, овде се нудат неколку видови на супи исклучиво од свежи состојки.
А како ви звучи да вкусите: супа од зеленчук, супа од домати, супа од брокули, пилешка супа, телешка супа целестина, француска крем супа од вргањ, морска супа…?
За доручек можете да нарачате и вкусен омлет, пршута, кашкавал, колбас, сланина…
Имате и:
Омлет со органски јајца по желба, шунка и кашкавал.
Традиционален доручек: пржени лепчиња со јајца, домашен ајвар и овчо сирење.
Англиски доручек: јајца, сланина, колбас кисели краставички.
Обилен доручек: јајца, пршута, сирење кашкавал, домати, краставици и маслинки. Златен доручек фурнарина со сланина, јајца домашен ајвар и овчо сирење.
Даските се преполни со разни мезиња, а би било убаво да си ги надополните со фокачо лепчиња со лук, фокачо лепчиња со кашкавал, фурнаринки со кашкавал, лепчиња со кајмак.

“Златна Цезар салата” и “Италијанска салата Капрезе” е нешто на кое не се останува рамнодушен, а Златен бургер (меѓу другите бургери) е она што посебно привлекува доколку сакате бургер сендвичи.
Сендвичи, пици, рижото, риба и морски плодови, тестенини паста, салати, говедско, свинско, пилешко…
Цедени сокови од лимон, портокал во комбинација со цитрон, овошни и газирани сокови, вина други напитоци, бирајте сами.
Сега, откако ја поставивме оваа златна трпеза со сто специјалитети и плус уште десет други кои љубезниот персонал ви ги нуди, ставаме златна роза на масата и ви го оставаме предизвикот да отидете, да погледнете, да јадете и пиете и да уживате.
Не заборавајте, секој ден од 8 наутро до полноќ, во “Голден Роуз” во Капитол мол. Барем на бараното златно кафе!

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.