Во тек е натпревар на млади пијанисти

25

Во Гевгелија, се одржува 10 Меѓународен натпревар за
млади пијанисти, во организација на пијанистот родум од Гевгелија, Глигор Гелебешев. И годинава, Меѓународниот
натпревар за млади пијанисти е финансиски поддржан од Општина Гевгелија. Вчера, на отворањето во хотелот „Аполонија“, Гелебешев им посака топло добредојде во Гевгелија на младите пијанисти од другите градови во државата, како и од Република Бугарија и Косово.
– Гевгелија по десетти пат е центар, каде се собираат млади музички таленти. Нестрпливо чекаме дечињата да покажат колку навлегле во тајните на интерпретацијата на дела од
големите светски, музички имиња, бидејќи поради КОВИД- пандемијата, натпреварот не беше одржан две години по ред, истакна Гелебешев, на отворањето на натпреварот, упатувајќи
благодарност до градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и до хотел „Аполонија“ за поддршката годинава да биде одржан и да биде настан каде младите пијанисти oсвен што ќе свират, ќе се дружат и ќе го негуваат трајното пријателство.
До 16 јуни, младите пијанисти ќе се натпреваруваат во пет категории, а нивните настапи ќе бидат оценувани од страна на стручна жири-комисија, во состав на проф. Милка Митева од
Бугарија, проф. Власта Џура од Хрватска и проф. Катерина Гелебешева од Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.