“Бојмија” со годишен концерт

39
Среда, 15 јуни 2022
Денеска, Ансамблот „Бојмија“- Гевгелија ќе го одржи својот 18 по ред Годишен концерт. На сцената во Големата сала на
Народниот театар, членовите на сите возрасни групи ќе одиграат кореографии од својот богат, фолкорен репертоар, a пред присутните ќе биде промовиран и новиот проект: „Обновување на русалиските игри во Гевгелиско“, кој опфаќа поставка на песни и игри, како и презентирање народна носија, карактеристични за етнокореолошкoто подрачје од Гевгелискиот регион. Поставката ги опфаќа песните: „Бој се бие“, „Собрале ми се набрале“ и други
песни, како и русалиските игри и обичаи: „Маршот“, „Кушијата“, Тодоро Биро Капидан“ и „Шарено оро“. Годишниот концерт ќе започне во 20 часот, а влезницата чини 130 денари.
Имено, во спроведувањето на новиот проект на Ансамблот  „Бојмија“ беа вклучени Владимир Јаневски, доктор по фоклкористика, како и уметничкиот раководител и кореограф на
гевгелискиот ансамбл, Никола Миовски и Димитар Делев. Кои ја постигнаа крајната цел преку истражување на терен и изработка на облековни елементи, носии, откуп на оригинални реквизити и поставувањето сценски адаптации.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.