Здрава храна услов за здрав живот- Полнети пиперки со зеленчук

1692

Пролетта ,особено летото и есента имате многу повеќе избор и можности за да се храните здраво и да го ослободите организмот од непотребни токсични материи.

Зеленчук, го имате разновиден и во изобилие само треба да ја вклучите вашата имагинација и да подготвувате јадења, кои ќе ве направат поздрави. Обично јадењата подготвени со зеленчук се подготвуваат многу полесно и поедноставно.

 

За денеска од куларт кујната ви препорачуваме

Полнети пиперки со зеленчук

Потребни состојки

10 -пиперки -мешани зелени и црвени погодни з аполнење

2 главици кромид , 2 патлиџан, 3 моркови, 1 тиквичка , малку брокула и 2 пиперки (една зелена и една црвена)

300 гр. ориз

сол и зачини по желба

Подготовка

Пиперките за полнење исчистете ги

Сите состојки ситно исечкајте ги и ставете ги заедно во испржениот кромид, кој најнапред ќе го исецкате и испржите.

Хомогената маса нека искрчка и тргнете ја на странa

Наполнете ги пиперките, затворете ги со парче патлиџан (пиперка) и ставете ги во тава со една чаша вода

Затворете ја тавата и ставете ја во рерна

Откако ќе почне да крчка оставете ја околу 40-тина минути после тргнете го капакот и оставете ја да докрчка на исклучена рерна.

Лесна, брза и вкусна храна..и не заборавете многу здрава

Пријатен ручек од www.куларт кујна !

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.