ЗЏМ до Филхармонија: Не сакаме да се занимаваме со рекла- кажала!

23
По прес конференцијата одржана од страна на Филхармонија, сметаме дека немаме избор и мора да реагираме. Ова е наше последно обраќање до јавноста поврзано со настаната ситуација, бидејќи сметаме дела сè е кажано.
За жал, малку сме уморни од сево ова, бидејќи овој начин на комуникација не ни е својствен. Наместо да започнеме со нашата концертна и творечка дејност, ние се занимаваме со т.н. спинови, преписки или “ рекла- кажала “
муабети, вокабулар кој не доликува на академски граѓани или уметници од  висок ранг.
Сметаме дека во нашите последни соопштенија бевме приморани да ја известиме јавноста за ситуацијата. Секако, гледано на нештата од наш агол, кој не е институционален, а со тоа уште помалку во позиција да одлучуваме за било каков процес. Ние, едноставно сакавме да изнесеме неколку поенти од кои онаа, можеби најбитната, е таа дека во Скопје, во моментов, постојат две концертни сали кои одговараат на изведувачкиот концертен карактер на нашиот оркестар. Тоа се МОБ и Филхармонија. До оној момент додека не се појави нова концертна сала, ние ќе мора некаде да ги одржуваме нашите проби и концерти.
Уште еднаш сакаме да потенцираме дека со нашата работа нема да се наруши комодитетот на било кој од вработените во Филхармонија. Најважно од сè е, тоа што ние сè уште не добивме ниту еден релевантен аргумент дека
нашето евентуално работење во зградата ќе го попречи работењето на оркестарот на Филхармонија.
Дезинформацијата “ 7 години ЗЏМ во Филхармонија “ е извадена од контекст. Ние во неколку наврати кажавме дека ние како биг бенд работиме 7 години. Можеби е направен лапсус во броењето на календарските години,
но ако изброите календарски од 2017 до 2023 има 7 години, земајќи во предвид дека отварањето на зградата е во мај 2017 година. Ние се извинуваме доколку “украдовме“ некој месец во нашата неумесна пресметка, но првиот концерт на биг бендот во соработка со Филхармонија, во истата зграда, се случи на 12.12 2017 година, концертот насловен “Baby It’sCold Outside“ . За сите други искази од пресот, сметаме дека нема потреба да се коментираат, бидејќи се потполно ирелевантни.
За крај, ги повикуваме сите засегнати од оваа т.н. “Национална културна мело-драма “, да се однесуваат достоинствено, колегијално, солидарно, да ги согледаме фактите и да се соочиме со реалната состојба, до изнаоѓање на
конечно решение, како што впрочем и стои во одлуката на Министерството за култура. Животот е прекраток за да ни минува во чудесни расправии и исправање превртени разговори и неосновани размислувања. Ајде да
најдеме решение во кое никој нема да биде загрозен. Ние, како Оркестар за џез музика, ја покажавме нашата флексибилност со која гарантираме дека работата на Филхармонија нема да биде загрозена од ниту еден аспект и во ниту еден случај.
Со надеж дека овој лош сон ќе заврши наскоро и во најбрз можен рок ќе почнеме со нашата најважна работа, музиката. Музиката секогаш ќе најде начин, но Ве молиме немојте да ни ги кратите крилјата уште на сам почеток.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.