Зоран Стефаноски го објави својот седми проект, “Fly above”

172

Генијалниот автор и музичар Зоран Стефаноски од Кичево, кој неуморно работи на соло проекти го објави својот најнов седми по ред, соло мулти- инструментален проект под наслов “Fly Above”.
Зад него има уште шест официјални проекти на неговиот YouTube канал на кои е комплетен автор и изведувач: “The Beginning”, “Between Passion And Suffering”, “Empire Of Slaves”, “Butchered Hope”, “Wrath Of The Innocent” и “Hand Of Salvation And justice”.
Член е и на авторските бендови Melissa и Vehementor во кои е тапанар.
За миксот и мастерингот на песната “Fly Above” се погрижи музичкиот продуцент Христијан Ѓоргиевски, а сето тоа визуелно ни го претставија Александар Вренцовски и Ненад Милошески. Видеото е снимано во поранешен, (веќе затворен) кичевски ноќен клуб Енигма во кој, сѐ се заврши во еден ден.
-Послушајте и се надевам ќе ви се допаднe. За крај сакам да порачам сакајте се, почитувајте се, поддржете се, вложувајте во себе, бидете свои искористете го талентот што го имате во себе. Останете секогаш мотивирани без разлика колку демотивација има околу вас, намалете со омраза и фокусирајте се на убавите нешта кои ви ги нуди животот, порачува овој инспиративен автор, Зоран Стефаноски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.