„11 март 1943– Никогаш повеќе“, одбележана 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

27

Под мотото „11 март 1943– Никогаш повеќе“ синоќа во Националната опера и балет се одржи комеморативен концерт на кој се обратија премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.
Со ова беше одбележана 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, а настанот го организираше Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот.
Хорот на НОБ, и оркестарот на НОБ и Филхармонија изведоа неколку нумери на Хебрејски јазик и неколку дела од класичната музика. Под диригентство на Бисера Чадловска.
Беше прикажан и документарниот филм за последната преживеан Еврејка од Холокаустот од Штип Рашела (која имала само 8 години кога еврејските семејства од Штип меѓу кои било и нејзиното се транспортирани во скопскиот Монопол и оттаму кон логорот на смртта Треблинка)во публика, а публиката на нозе ја поздрави со громогласен аплауз.
-Никогаш да не се повтори, во својот говор ја истакна главната порака премиерот Ковачевски, како и водителот на програмата, Борче Николовски.

Фото: Митко Јанев

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.