МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ: Изложба на Надја Петровиќ “Кршливоста на светулките”

108

Изложба на младата уметница Надја Петровиќ ќе се одржи во Музеј на Град Скопје , под наслов “Кршливост на светулките ” чие отворање ќе е во среда,15 Март 2023 година, во 19.30 часот.
Надја Петровиќ (родена на 20 јули 1991 во Битола) — македонска академска сликарка од домашно и меѓународно значење која живее и работи во Скопје и Фиренца.
Уште во раната младост учествувала на Малиот битолски Монмартр, каде ја освоила Плакетата „Македонија“. Почнала да освојува разни признанија во странство, освојувајќи медали и награди во Бугарија, Португалија и Кина во периодот од 2002 до 2003 годона. Средното образование го завршила во гимназијата „Таки Даскало“ во Битола, по што во 2009 година посетувала неколку курсеви на Централниот колеџ „Св. Мартин“ во Лондон.
Во 2010 година го продолжила образованието на Академијата за ликовни уметности во Фиренца (Accademia di Belle Arti di Firenze), дипломирајќи во 2013 година на отсекот за сликарство и цртање. Во 2017 година магистрирала при Одделот за визуелна уметност и нови јазични изразувања на истата академија. Таа година ја посетувала и Европската економска школа во Фиренца, каде го завршила образованието за управување во уметноста и културата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.