67.000 евра донација од Јапонија за Општина Брвеница за квалитетни комунални услуги

105

На 3. декември,2021 година,Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада, го потпиша вториот грант договор во 2021 година, во рамки на јапонската GGP-грант програма за мали проекти за човекова безбедност во Република Северна Македонија, чија цел е подобрување на основните човекови потреби.
Церемонијата за потпишување на грант договорот ја отвори Градоначалникот на Брвеница, г. Јовица Илиевски, а учествуваа Н.Е. Амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада, заедно со директорот на Општинското јавно комунално претпријатие „Вардар“, г. Мирослав Андриески, во Брвеница.
Проектот за обезбедување на Општина Брвеница со комунално возило во износ од 67.026 евра; има за цел да го подобри квалитетот на комуналните услуги за граѓаните. Новото комунално возило ќе му овозможи на општинското јавно комунално претпријатие да пристапи и до поодалечените села во општината со цел да обезбеди одлагање на отпадот.
Ова е вториот грант дониран од страна на Јапонија за Општина Брвеница. Претходно преку GPP-грант програмата за мали проекти беше поддржана реконстрункција на покривот на основното училиште во селото Челопек.
Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки и 57 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини.
Севкупно, Јапонија ја поддржува Северна Македонија во повеќе сектори и тоа инфраструктурен развој, подобрување на здравствената нега, образованието, животната околина, култура, спречувањето на природни катастрофи, бегалската криза, како и итна помош, во вкупен износ од повеќе од 422.3 милиони евра, како и дополнителна нефинансиска поддршка, објави Амбасада на Јапонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.