Гевгелија: Отворена Ликовна изложба за Светскиот ден на лицата со пореченост

88

Во изложбениот простор на Амамот- Гевгелија, денеска (3 декември, 2021 година), со почеток во 18 часот, беше отворена Изложба на апстрактни цртежи со акрилни бои. Изложбата е во организација на Дневниот центар за лица со попреченост во Гевгелија, на која ќе бидат претставени делата, чии автори се корисниците во Центарот.
Ваквиот настан е со хуманитарен карактер и истиот е доказ за умешноста, талентот и способноста на лицата со попреченост, преку кој заинтересираните посетители ќе навлезат во тајните на нивните имагинарни, ликовни светови. Поводот за организирање на Изложбата е одбележувањето на Меѓународниот ден посветен на лицата со попреченост, 3 Декември.

***
Во рамките на проектот РеЛОаД што Општина Гевгелија го реализира со Програмата за локална демократија- УНДП, на 6
декември, 2021 година, во Малата сала на Народниот театар-Гевгелија, со почеток во 13:30 ч., ќе биде одржана Дебата со граѓанските организации од општина Гевгелија за приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од интерес на граѓаните и општината. На дискусијата ќе бидат разгледани проектите од областа на: туризмот и културата, младите, заштита на животната средина и локалниот економски развој.
Имено, прифаќањето на апликацијата и вклучувањето на Општина Гевгелија во реализацијата на оваа регионална програма на УНДП претставува нов значаен поттик за натамошно унапредување на соработката со граѓанските организации. За што Советот ќе се кофинансираат пооекти на граѓански организации во рамките на јавните повици, организирани преку Регионалната програма за локална демократија 2 (РеЛоаД2). Предвидено е локалната самоуправа да кофинансира проекти од минимум 20% од вкупниот износ на средствата на граѓанските организации што ќе бидат распределени, во максимален износ од 83.500 долари.

***
Со цел промоција на средното стручно образование како остварлива можност за кариера, за првпат се одржа Дигитален саем за средно стручно образование во организација на МЦГО. На Саемот учествуваа 6 средни училишта од Републиката, меѓу кои и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија со профилот Готвач, како едно од најдобрите избрани средни училишта за презентирање на стручниот профил.
Проектот, којшто е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка во соработка со Министерството за образование и наука, има за цел запознавање на учениците од деветто одделение од сите основни училишта низ државата со можностите за различни стручни образовни профили во средните стручни училишта, како и да слушнат успешни примери за соработка со бизнис секторот и обраќања на познати личности кои ќе споделат за своето професионално искуство.
Од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија учествуваа учениците од Угостителство и туризам, профил Готвач- Александра Мижорова и Ване Филипов, под менторство на професорката Марина Калкова, а од партнер компанијата „Фортуна Интернационал“ (Хотел „Аполонија“) учествуваше професионалниот готвач Драги Миов.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.