„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” во Струмица

28

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”, кој е финансиран од Европската Унија, има за цел да придонесе кон обезбедување рамноправен пристап на децата со попреченост до квалитетна настава и пристапна и стимулативна средина за учење, преку месечни стипендии и образовна поддршка за учениците со попреченост, грантови и обуки за училиштата, како и развивање на јавната свест. Овој проект се заложува за квалитетно и инклузивно основно образование со цел секое дете да има еднакви можности за развој, учење и остварување на своите потенцијали. Проектот го спроведува Фондација „Чекор по чекор”, заедно со своите партнери Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива” и Здружение за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак”, а во соработка со Министерството за образование и наука. 

Во рамките на проектот планирано е реализирање на 8 (осум) регионални настани во форма на панел дискусии во 8те плански региони како дел од третата проектна кампања за подигање на јавната свест за важноста од инклузивното образование.

 

Настанот предвиден за југоисточниот регион ќе се одржи на 12.04.2023 год. со почеток од 11:00 часот во Салата на советот во Дом на АРМ, Општина Струмица.

 

На овие средби се поканети претставници и од другите општини од југоисточниот регион, училиштата, граѓански организации, општествено одговорни компании и поединци. Целта на овие настани е да се разговара за инклузијата и инклузивното образование, да се претстават локалните текови на полето на инклузија, да се споделат активностите и постигнувањата на Проектот, а планирана е и заедничка дискусија за успешните приказни на полето на инклузијата како и предизвиците со кои се соочуваат училиштата, институциите и општините во својата намера да обезбедат инклузивна клима. 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.