“Цветинова награда за мир” и за доктор Борис Ристевски

133
Македонскиот хуманист и поранешен кандидат за Нобелова награда за мир, господин Живко Поповски Цветин, деновиве додели уште една “Цветинова награда за мир” овој пат на невропсихијатарот во пензија, доктор Борис Ристевски.
Овој истакнат хуман доктор е роден во Нови Село, Демирхисарско, во 1933 година, специјализирал во Белград и во Загреб, а во текот на работниот век работел во Дом за народно здравје во Демир Хисар, Завод за рехабилитација на деца и младинци во Скопје и во болница за душевни болно во Бардовци.
Тивок, витален, заедно со сопругата Нада, и нејзината сестра близначка Хелена Черни, сѐ уште им стојат на располагање на луѓето во неволја, затоа наградата се однесува и на двајцата, истакна Цветин за време на доделувањето.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.