Онлајн аудиција за “Распеано детство”

148

Во тек е онлајн аудиција за еден од најстарите детски фестивали кај нас, фестивалот “Распеано детство 2022”, кој ќе се одржи на 27 мај 2022 во националната установа центар за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово, а , во зависност од заинтересираноста можно е да се одржи во две вечери, 26 и 27 мај.

Децата треба да испратат видео снимка како пеат некоја песна, за да бидат вклучени во аудицијата.
Во подготовка е спектакуларно издание на фестивалот со полна раздвижена сцена, со учество на кловн, анимација со јунаци од детските цртани филмови (Мики Маус, Душко Долгоушко и слични јунаци), со жонглери и други видови на сценски адаптации кои ќе бидат несекојдневни за учесниците и посетителите, најавува директорот Драган Јаким.
Фестивалот ќе биде снимен од професионална телевизиска екипа, ќе биде издадено фестивалско ЦД, носач на звук, и ќе биде достапен на јутјуб каналот на здружението “Ризница”, кое е организатор на фестивалот.
Песните од последното издание на фестивалот предизвикаа внимание, а ги испеаја деца од Куманово, Скопје и Крива Паланка, но и од Бугарија. Фестивалот и годинава ќе има меѓународен карактер со гости-учесници од Србија, Косово, Црна Гора, и од Бугарија како и гости учесници со веќе воспоставените релации од слични фестивали од овој тип како што е “Распеано Симитче”.
За прв пат бил организиран во 1976 година, па по пауза возобновен во 1999, кога повторно по некоја година следувала пауза. Го основале Миодраг Мичо Божиновски, Борис Христовски Грк, Зијадин Исмаили, Томислав Златановски, Ѓоко Симоновски, писателот Среќко Поповски, со поддршка и на културно просветната заедница на Македонија.
Годинава е 17- тото издание.

За контакт, следниот фб линк

https://m.facebook.com/758857947845469/

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.