„Дедо Мраз пак кај нас“ со новогодишни пакетчиња на деца од социјално-загрозени семејства

86

Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, на 29 декември, 2021 година, организира традиционален дочек на Дедо Мраз за најмалите од општина Гевгелија. Оваа манифестација
насловена како „Дедо Мраз пак кај нас“ ќе започне со дочекот на Дедо Мраз на Железничка станица.
Имено, новогодишниот карван, составен од родители и деца, со Дедо Мраз ќе се движи по улицата „Маршал Тито“ до Градскиот плоштад. Дружењето со
Дедо Мраз ќе биде збогатено со новогодишниот концерт на танцовото студио „Мистик“. Претставувајќи се со кореографии инспирирани од урбаната и поп-културата на денешницата, оригинални и својствени за студиото.
Пред почетокот на настанот, во просториите на Пионерскиот дом, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, традиционално, ќе им додели новогодишни пакетчиња на дечињата од социјално-ранливите категории.
Доделувањето на пакетчињата ќе започне во 11 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.