Новогодишна изложба на Детската работилница при Пионерски дом

126

Денеска (23 декември, 2021 година), во Малата сала на Пионерскиот дом, со почеток во 18.30 часот, ќе биде отворена
Новогодишната изложба на Детската работилница при Пионерскиот дом- Гевгелија. На изложбата ќе бидат претставени ликовни дела на 24 млади ликовни сликари од Гевгелија, под
менторство на нивната професорка, Мирјана Крстева Масети, насликани во најразлични ликовни техники.
– На оваа изложба се застапени детски цртежи од различни возрасти создадени во различни сликарски техники, се со акцент на базично запознавање и совладување на ликовните елементи и
принципи. Застапен е акварелот, температа, колажот, гвашот и неколку експериментални техники имајќи ја предвид возраста на учесниците во изложбата, вели гевгелиската уметница Масети, која веќе 6 години раководи со Ликовната работилница и работи
со иднината (нејзин синоним за децата- членови). Во текот на нејзиното работење забележуваме континуитет во работата што резултира со финални изложби на крајот од годишните квартали, ќе истакне таа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.