Денес во Битола, саем во Офицерски дом

9

Аугментирана реалност, рачно цртани парчиња облека, копаничарство, уникатни парчиња накит, издаваштво, сликарство, еколошки производи, детски играчки, роботика, дигитален маркетинг, лампи од реупотребени материјали, улична уметност и илустрации, слоу фуд или „нова гастрономија” посветена на традиционалната храна, локалните ресурси и новите технологии, слоу фешн и повеќе ќе можат да се погледнат и доживеат на Саемот на креативни индустрии што утре (23 ноември) се одржува во Офицерски дом Битола.

Саемот се одржува под мотото „Креативноста е заразна. Дојди зарази се”.

Работното време е од 11 до 19 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.